Анализа-Вклученост на лицата со попреченост во јавниот живот на општина Крива Паланка

Лицата со попреченост во општина Крива Паланка се уште немаат доволно услови и можности за
остварување на своите граѓански и политички права, ниту имаат доволно можности активно да
учествуваат во јавниот и политичкиот живот во локалната заедница.

Лицата со попреченост недоволно се вклучени во консултативните процеси и во креирањето и спроведувањето на локалните политики, нема ниту еден советник, а речиси не се застапени ниту во управувачките и раководни структури на политичките партии. Истовремено, се уште постојат предрасуди кон лицата со попреченост и нивното прифаќање на функциите градоначалник, советник, пратеник.
Ова се дел од резултатите од акцијата „Вклученост на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот во локалната заедница“, во чии рамки Регионалниот центар за соработка СПЕКТAР спроведе анкета, интервјуа и анализа на стратешките и програмски документи во Општина Крива Паланка.
Акцијата се реализира во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“ на НВО
Инфоцентар, со финансиска поддршка од ЕУ.

Целата анализа може да ја најдете тука.