Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје

РЦС Спектар, во соработка со ООУ„Илинден“ Крива Паланка, започнува со реализација на проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“, кој има за цел да обезбеди овозможувачка околина за заштита и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните подрачја и ранливи групи.

Проектот опфаќа серија на едукативни и креативни работилници,  арт терапија, музика и видео спот, менторска поддршка на родителите и  обука на  стручниот и наставен кадар.  

Општа цел

Поддршка на активности за психо-физичко здравје кај младите, особено ранливите групи.

Конкретна цел

Креирана овозможувачка околина за заштита и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните подрачја и ранливи групи.

Очекувани резултати

1.Подобрена едукација за емоционални и социјални вештини  кај децата и адолесцентите , вклучително и од руралните и ранливи групи

2.Промовирање на позитивно и квалитетно родителство за добро ментално здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните и ранливи групи

3.Зајакнати капацитети на педагошко-психолошките и стручни служби и наставниот кадар во основното образование

Период на имплементација: 15.01.- 15.07.2024

Лице за контакт за повеќе информации: Жаклина Цветковска, 070/272-006

Проектот„Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ на РЦС СПЕКТАР Крива Паланка  се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ е кофинансиран од Општина Крива Паланка.