Консултативна средба со граѓаните од Крива Паланка

Граѓаните на Крива Паланка дискутираа за приоритетите на локалната заедница на консултативна
средба што се одржа на 4 ноември 2022 година, во организација на РЦС„Спектар“, кој е дел од
Граѓанската коалиција-Форум за граѓански дијалог.

Учесниците на средбата беа информирани за реализираните граѓански приоритети, кои беа
утврдени во текот на локалните избори во 2021 година и прифатени од општината и
градоначалникот. Тие дадоа оценка за состојбата со приорититните области и понудија повеќе конкретни решенија за проблемите и предизвиците во општината , одредувајќи ги притоа највисоките приоритети.

Граѓаните дискутираа за приоритети во 4 области и тоа: јавни услуги, локален економски развој ,
локална демократија-добро управување и општествен и социјален развој на заедницата. Во фокус
на учесниците се најдоа регулирањето на сообраќајниот метеж, управувањето со отпад,
комуналните услуги, вработувањето, квалитетот на општинските услуги, младите , жените и
слично.
Консултативната средба е дел од активностите на Форумот за граѓански дијалог, предводен од
НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално
ниво“, поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.