НВО ИНФОЦЕНТАР ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНИ ВЕБ СТРАНИЦИ ЗА 5 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Здруженијата „Спектар“,„ Цик-Цак“ и „Норгес Вел“ од Крива Паланка и „Спорт-кул“ од Неготино добија функционални веб страници каде во иднина ќе ги објавуваат своите проектни активности. Истовремено, Здружението „Активо“ од Велес, пак, ја надгради своја веб страница со нови ресурси, што ќе обезбедат поголема видливост и атрактивност на нивните проектни акции.

Веб страниците се обезбедени од страна на НВО Инфоцентар од Скопје, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво, поддржан од Меѓународниот центар„Улоф Палме“ од Шведска.

Ова е само еден дел од предвидените проектни активности, со цел да ги поддржиме локалните организации во процесот на зајакнување на нивните капацитети и обезбедување на поголема видливост при нивното делување во интернет просторот. На тој начин здруженијата ќе добијат и поголема достапност до фондации и донатори, кои ќе имаат можност да се запознаат со нивните постигнувања во областа во која делуваат, истакна Елена Симоноска од НВо Инфоцентар.

Покрај веб страниците, НВО Инфоцентар, работи и на спроведување на конкретни акции во локалните заедници за зголемување на граѓанското учество при креирањето и спроведувањето на локалните политики.

Претставници на вклучените организации поминаа дводневна обука за креирање на веб содржините и ажурирање на страниците.