Претставници на РЦС„Спектар“, „Норгес Вел„ и Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, на 13 октомври 2020 година, присуствуваа на работилница во Велес, која беше посветена на примената на законот за укажувачи.
Работилницата ја организираше „Транспарентност Македонија“, во соработка со НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата: Коалиција за нулта толеранција“, финансиски поддржан од Европската Унија.
Граѓанските активисти имаа можност да се запознаат како се стекнува статусот на укажувач и зошто е потребна нивна заштита, какви се искуствата од практичната примена на законското решение во нашата држава и во Европа и предизвиците со кои се соочуваме во оваа сфера.