Претприемачки клуб

ИПА БГ-МК 2007-2013 Реф. 2007CB16IPO007-2012-3-011
Период на имплементација: 19.12.2013 -18.12.2014 година

Здружението СПЕКТАР од Крива Паланка и Бугарската менаџмент асоцијација го реализираа проектот Претприемачки клуб , како дел од ИПА “Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2007-2013”, кофинансиран од Европската унија.

Активностите се спроведуваа на територијата на  Североисточниот регион во Република Македонија и Областа Благоевград во Република Бугарија.

Проектот беше фокусиран на развој и охрабрување на претприемачките активности помеѓу младите и невработените преку специјализирани тренинзи, практични обуки, размена на информации и воспоставување на прекугранична мрежа за поддршка на претприемачите. Предложениот интегриран пристап за развој на претприемништвото и промоција на нови бизниси вклучи заедничка соработка на претприемачите и започнување на бизниси од двете страни на границата.

Општа цел:

Креирање на самоодржлив инкубатор за претприемачите, чии нови бизниси ќе  користат комбинирани ресурси од двете страни на бугарско-македонската граница.

Специфични цели:

Соработка за подигање на свеста за можностите на бизнисот во рамките на прекуграничниот регион , размена на информации и добри практики, додадена вредност на користење интегрирани ресурси, развој на претприемачкиот дух, идентификување на нови бизнис идеи и слично.