Во рамки на проектот “Да ги поврземе бисерите“ на 20 септември 2022 година, во Скопје, С. Македонија, се одржа Работилница за размена и дисеминација на која учествуваа претставници на општини, државни и локални институции и дуги организации од интерес на проектот, како и претставници на проектниот тим и Работната група на засегнати страни. На работилницата беа презентирани сите резултати постигнати со реализација на проектот „Да ги поврземе бисерите“, позитивните искуства, добрите практики и идните активности за развој на интегриран и одржлив туризам во прекуграничниот регион Лесковац, Србија и Крива Паланка, Северна Македонија.
Претставниците на РЦС„Спектар“ Крива Паланка, Жаклина Цветковска и Ивица Милевски, ги презентираа постигнатите резултати од целокупниот проект, како и туристичките продукти кои произлегуваат од него. Посебно се осврнаа на придобивките од партнерството и воспоставената соработка помеѓу Лесковац и Крива Паланка, како и на активностите за понатамошен развој на туризам преку идни проекти и интегрирана туристичка понуда. Беа претставени 6 презентации со постигнатите резултати и 2 презентации за добрите практики постигнати со проектот.
На работилницата се потенцираа воспоставените партнерства помеѓу туристичките актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од прекуграничниот регион, а како добри практики беа посочени „зелените викенди“ во Лесковац и Крива Паланка, кои стануваат традиционални манифестации со меѓусебно учество на заинтересирани страни од партнерските општини. Како резултат од проектот е и одлуката за збратимување на Лесковац и Крива Паланка, организирање на роштилијада во Крива Паланка, организирање на заеднички планинарски акции и други настани.
Ивица Милевски од РЦС„Спектар“ ги презентираше стратешките приоритети и цели, како и предвидените активности од Заедничкиот Акциски план за оджлив туризам, посочувајќи дека смарт планирањето и обезбедувањето на смарт дестинации се клучни за идниот развој на туризмот во регионот. Воедно, беше претставена и анализата од гледиште на туристичките организации како клучна за промоција на најзначајните туристички локалитети во Лесковац и Крива Паланка и за креирање на препознатлива туристичка понуда.
Во завршниот дел,беа евалуирани клучните заклучоци од работилницата, а проектниот тим најави дека Лесковац и Крива Паланка ја подолжуваат соработката со нова апликација за развојот на одржливиот туризам во пекуграничниот регион.
https://spectar.org.mk/wp-content/uploads/2022/12/STUDIJA-Pametno-i-integrativno-planiranje-1.pdf