ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2007-2013
CCI № 2007CB16IPO007-2011-2-02
Во соработка и партнерство со Здружението „Евроинтегра” – огранок Кресна – Сандански и Сојузот на енолозите во Бугарија – огранок Благоевград, Здружението“Регионален центар за соработка СПЕКТАР“-Крива Паланка го спроведе проектот, чија главна цел беше придонес кон подобар економски развој на бугарско-македонскиот прекуграничен регион, преку зголемување на квалитетот и промовирањето на прекуграничната винска продукција, како на национално така и на европско ниво.
Проектот ја таргетираше токму оваа индустрија поради големиот број на производители и љубители на вино кои спаѓаат во овој регион. Од бугарска страна беше опфатена Благоевградската област, а од македонска Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион.
Резултати:
-Спроведени специјализирани обуки: “Новости во производството на вино”; “ЕУ законодавство и регулативи во лозаро- винарската индустрија“
– Изготвен прирачник “Новитети во светот на енологијата” на бугарски и македонски јазик, во кој се вклучени најдобрите европски практики во лозарството и винарството како и последните ЕУ регулативи
– Изготвена винска карта за производителите, лозјата и винарските визби во пограничниот регион
– Разработен двојазичен вебсајт www.cbcwine.eu
– Формирано “Здружение на енолози“ во Македонија
– Потпишан Меморандум за соработка меѓу новоформираното “Здружение на eнолози” во Република Македонија и Сојузот на eнолозите во Република Бугарија.