СТЕПС-Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот

Интеррег ИПА БГ-МК 2014-2020 Реф.CB006.1.22.142
Период на имплементација: 10.2016 -01.2018 година

РЦС „Спектар“ го реализираше проектот „СТЕПС-Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот“, во партнерство со Младински општински совет,Ќустендил, Р.Бугарија, со поддршка од ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

Цел:

Спроведување на одржливи решенија за поддршка на економскиот развој на целиот прекуграничен регион преку создавање на заеднички иницијативи за претприемништво меѓу младите во областа на туризмот.

Спроведени а ктивности:

  • Изработена студија “Можности и предизвици за обезбедување на квалитетни туристички услуги и производи во областа на пограничниот регион Бугарија-Македонија”
  • Изработен Акциски план за поттикнување на претприемништвото во туризмот
  • Спроведена специјализирана обука за млади претприемачи во туризмот
  • Креирана онлајн платформа за деловни консултации во туризмот – http://steps-bgmk.eu/mk
  • Онлајн консултации за нови претпријатија во секторот туризам