ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 НА ЗДРУЖЕНИЕТО РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СОРAБОТКА  „СПЕКТАР“

 

Здружението Регионален центар за сорботка  „Спектар“ (во натамошниот текст „Здружението“), е здружение на граѓани од Република Северна Македонија формирано во 2000 година, со цел со цел да даде придонес кон силен и активен граѓански сектор со значајна општествена улога и промоција на граѓанските иницијативи во областа на економскиот развој, образованието, културата, демократијата, млади и отвореното општество.

Заради трансапрентна и законска обработка на личните податоци, Здружението  ја подготви и оваа Политика за приватност со која Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, контролор на податоците е:

Назив: Здружение РЦС Сектар

Адреса:  НИкола Тесла 57 Крива Паланка

Tелефон: 078/ 323 379

E-маил: spectar.kp@gmail.com

 

Здружението нема офицер за лични податоци затоа што нема потреба од вакво лице поради малиот обем на обработка на лични податоци.Здружението има назначено координатор за лични податоци.

 

Име и презиме: Жаклина Цветковска

 Е-маил:  zaklinacv18@gmail.com

Телефон: 070/272 006

 

*Секој посетител на оваа интернет страница, може во секое време директно да контактира со нашиот координатор за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

 

  1. Дефиниции

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се, име и презиме, матичен број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци. Кога вашите лични податоци се обработуваат врз основа на вашата согласност, вие имате право секое време да ја повлечете вашата согласност и ние ќе престанеме со обработка на вашите лични податоци.

Субјекти на лични податоци

Здружението ги обработува личните податоци на следниве категории на субјекти:

  • Членови на здружението и членови на Собранието, Надзорниот одбор и Управниот одбор на здружението
  • Надворешни соработници и ангажирани лица
  • Учесници на настани
  • Корисници на нашата интернет страница.

Категории на лични податоци

За наведените субјекти на лични податоци, Здружението ги обработува следниве категории на лични податоци:

Членови на здружението и членови на Собранието, Надзорниот одбор и  Управниот одбор на здружението

  • За целите на исполнување на законските обврски кои произлегуваат од Законот за здруженија и фондации, Здружението води евиденција на членови, односно Регистар на членови, каде се обработуваат личните податоци на членовите на здружението како и членовите на Собранието, Надзорниот одбор и на извршните органи на здружението: Управен одбор и проектен тим.. За своите членови и членови на органи, Здружението  ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, датум на раѓање, адреса, податоци за образование, работно место, е-маил, телефонски број.
  • Податоците за членовите се чуваат 10 години од денот на престанокот на членството во организацијата.

Надворешни соработници и ангажирани лица

  • За извршување на различни активности од својот делокруг, Здружението ангажира различни профили на надворешни соработници (консултанти, експерти, обучувачи, преведувачи и сл.), чии лични податоци ги обработуваме за цели на исполнување на договорни обврски. За надворшените соработници, Здружението ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, број на лична карта, трансакциска сметка.
  • Податоците за надворешните оработници се чуваат 10 години од денот на извршување на договорот за услуги за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.
  • Податоците за надворешни податоци е можно да се споделат со донаторите на Здружението за цели на исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од договорот за спроведување на проект со донаторот, а со цел потврдување за извршување на договорниот ангажман од страна на надворешниот соработник.
  • За подетални информации, контактирајте го нашиот координатор за заштита на личните податоци.

Учесници на обуки/семинари/конференции

  • Здружението во рамки на своите активности организира различни семинари, обуки, конференции, форуми при што за цели на организирање на активностите и известување до нашите донатори, ги обработуваме следниве лични податоци:
    • Име и презиме, организација и институција, занимање, телефонски број, е-маил и потпис
  • Податоците за учесниците на обуки се чуваат 10 години од денот на оддржување за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.
  • Податоците кои ги обработува за учесниците на настани се собираат за цели на документирање за оддржаниот настан и за цели на ревизии, внатрешни и надворешни за потврдување на присуство на потпишаните лица.
  • За време на настаните се врши сликање и во одредени случаи и снимање, за што Здружението ги информира учесниците и при самото номинирање и пред да почне настанот. Доколку, одредена слика објавена на нашата веб страна, социјални медиуми или на други медиуми сакате да се избрише, ве молам да го контактирате нашиот координатор, за што во дадениот законски рок, Здружението истата ќе ја тргне од местото каде што е поставено. Здружението ќе изврши напори во рамки на можностите да ги информира и да побара сликата да се тргне и од други медиуми ако е преземено и реобјавено.
  • За подетални информации за обработката на личните податоци на учесници на настани, ве молиме да го контактирате нашиот координатор за заштита на личните податоци.

Корисници на нашата интернет страница.

  • Нашата интернет страница овозможува да не контактирате преку контакт формата. Истото може да го направите и на анонимен начин, но доколку сте согласни да внесете и ваши лични податоци. За таа цел преку нашата контакт форма може да се обработуваат следниве лични податоци:
    • Име и презиме, е-маил адреса, наслов и вашата порака.
  • Податоците добиени преку контакт формата се бришат по дадениот одоговор.

Интегритет и доверливост на личните податоци

Здружението презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа интернет страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Колачиња (Cookies)

Нашата интернет страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња, нудиме подобри услуги за посетителите и корисниците на нашата интернет страница. Колачињата ни овозможуваат, да Ве препознаваме со цел да Ви го олесниме користењето на нашата интернет страница. Доколку користите колачиња на нашата интернет страница, не мора секогаш кога пристапувате до интернет страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од интернет страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како посетител или корисник на нашата интернет страница, можете во секое време да спречите поставување на колачиња со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата интернет страница.

Собирање на општи податоци и информации

 Нашата интернет страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) интернет страницата од која системот за пристап пристапува до нашата интернет страница, (4) датумот и времето на пристап до интернет страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата интернет страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата интернет страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на интернет страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

Рокови за чување

Податоците кои се собираат врз основа на вашата согласност се обработуваат се до повлекување на вашата согласност или исполнување на целите за собирање на податоците. Податоците кои се обработуваат врз основа на исполнување на законска обврска се чуваат во рамки на законските дадени рокови. По исполнување на целите податоците се уништуваат во согласност со материјалните и архивските прописи.

Пренос на лични податоци

Податоците за извршени активности во Здружението за цели на известување и ревизија се доставуваат до меѓународните организации, донатори на нашата организација.

Споделување  на податоци со трети страни

Здружението за дел од своите активности ангажира различни компании и поединци за извршување на стручни услуги и врз основа на законот за заштита на личните податоци овие лица дејствуваат во својство на обработувач. Обработувач согласно законот за заштита на личните податоци е секое лице кое во име и за сметка на Здружението  ги обработува личните податоци кои ги обработува Здружението.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате координаторот  за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека организацијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274.

Стапете во контакт со нас

ул. Св. Јоаким Осоговски 159 (Зграда на Црвен Крст) – Крива Паланка     тел: 078-323-379