За нас

Регионален центар за соработка „СПЕКТAР“

За СПЕКТАР

Здружението  РЦС „Спектар“ е непрофитна и невладина организација,  формирана во 2000 година од група граѓани со различен професионален профил. Основниот мотив е да се даде придонес кон зајакнувањето на граѓанскиот сектор како значаен и респектабилен фактор за иницирање и решавање на проблемите и потребите на граѓаните.

ВИЗИЈА

Силен и активен граѓански сектор со значајна општествена улога за достигнување на економска благосостојба, демократија, социјална правда и толеранција.

МИСИЈА

Промоција на граѓанските иницијативи во областа на економскиот развој, образованието, културата, демократијата и отвореното општество.

ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ

СОРАБОТКА

Во изминатите години, РЦС Спектар реализираше повеќе активности и проекти, како на локално, така и на регионално ниво, поврзани со проширување на капацитетот на НВО секторот, следење на работата на локалната власт, прекугранична соработка, заштита на децата преку спорт, културна размена, споделување на искуства и информации. 

ВМРЕЖУВАЊЕ

Регионалниот центар за соработка “СПЕКТАР” учествува во неколку мрежи за соработка, има долгогодишно искуство и голем број партнери во областа на развојот на туристичкиот сектор и поттикнување на одржлив економски развој.

РЦС Спектар е член на Граѓанска асоцијација МОСТ и ја раководи Регионалната канцеларија за Крива Паланка, Ранковце и Кратово.

Мрежа „СТЕПС“ формирана во рамките на проектот „СТЕПС- Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот”, поддржан од ЕУ  преку ИПА програмата за прекугранична соработка БГ-МК. 
Во мрежата членуваат организации од Македонија и Бугарија.
https://steps-bgmk.eu/mk/

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

  • Собрание (највисок орган составен од сите членови)
  • Надзорен одбор (3 члена)
  • Извршни органи:
    • Управен одбор ( 5 члена)
    • Тим

Стапете во контакт со нас

ул. Св. Јоаким Осоговски 159 (Зграда на Црвен Крст) – Крива Паланка     тел: 078-323-379