Промовирани трајните вредности од македонската и светска рок и поп култура во Крива Паланка
Пред платото на Градскиот музеј од Крива Паланка, се одржа мултумедијалниот настан „Музички времеплов: Промоција на трајните вредности од светската рок и поп култура“, на кој беше презентирана музичката сцена од 50-тите години на минатиот век, па се до денес.
.
„Македонската урбана современа култура, а посебно македонската музика, има вредности кои што треба да бидат забележани и оставени за генерациите што доаѓаат по нас“, истакна Филиповски најавувајќи отворање и на Музеј на македонската рок музика. Музичарот и модератор Илија Кикиритков, пак, ја потсети публиката на историјата на светската и македонска рок и поп сцена, преку интерактивна прошетка, проследена со музичка изведба, нарации и видео прилози.
Целта на овој настан беше да се даде придонес за популаризирање, афирмација и доближување на светското и македонско музичко наследство до публиката. На едно место се собраа различни генерации, кои ги споделија своите спомени и доживувања за светските и македонски рок и поп хитови, трендови, легенди и музички идоли.Организатори на музичкиот времеплов се Центарот за аудиовизуелни уметности-Крива Паланка и НВО Инфоцентар-Скопје, како дел од проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“.Коорганизатори се ЛУ Градски музеј Крива Паланка и Општина Крива Паланка, а настанот е дел од програмата на „Културно лето 2021“.
Настанот се одржа според здравствените протоколи за заштита од ковид-19.
Во уметничката галерија на Градскиот музеј беше отворена ретроспективна изложба „Визуелниот говор на македонските носачи на звук (LP-a) во ХХ-век“, а истовремено беа промовирани делата Македонска рок енциклопедија, Македонска дискографија-винили и Македонски рок времеплов од страна на авторот Тошо Филиповски.