Над 20-тина млади се запознаа со значењето на волонтерството и активизмот, клучните карактеристики и позитивни придобивки од волонтерски акции на воведната обука што се спроведе во Градскиот музеј во Крива Паланка на 27 март 2024 година.
Обуката е дел од активностите на проектот „Не кулирај-Волонтирај и креирај!“, кој го спроведува РЦС Спектар во соработка со Градскиот музеј, и со финансиска поддршка од УНДП и ко-финансирање од Општина Крива Паланка.
Младите волонтери развија интерактивна дискусија за нивните размислувања и интерес за волонтерскиот ангажман, согласувајќи се дека доброволноста, поширокиот јавен интерес и вложениот труд без надоместок се основните особини што треба да ги имаат младите личности. Тие беа едуцирани дека преку волонтерството ги јакнат своите лични капацитети, ја подигаат свеста за вредностите во општеството, ги зголемуаат можностите за вработување, но и развиваат чувството на одговорност кон заедницата .
На учесниците им беа посочени и разликите поеѓу волонтерството и активизмот, како и важноста на спроведувањето на акциите за зголемена видливост и застапување на младинските права и предизвици.
По оваа обука се спроведе и Форум на идеи за тематски младински акции од областа на етнологијата и нематеријалното културно наследство. Преку запознавање со етнолошката поставка во Градскиот музеј, кај младите се поттикна иницијативата за предлагање идеи од областа на традицијата и обичајната култура како тема за идното истражување и креирање на приказни. Учесниците покажаа голема креативност во давањето предлози за обработка на теми кои ќе ја збогатат музејската етнолошка архива.
Работилниците со младите ги водеа Жаклина Цветковска од РЦС Спектар и Наталија Милковска од Градскиот музеј Крива Паланка.
Проектот „Не кулирај – Волонтирај и креирај!“ на РЦС СПЕКТАР Крива Паланка се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Не кулирај – Влонтирај и креирај!“ е кофинансиран од Општина Крива Паланка.
????????????????????????????????????