Работилниците за унапредување на менталното здравје во ООУ „Илинден“, што се
спроведуваат во рамките на проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално
здравје“, продолжија со темата за емоционална интелигенција, опфаќајќи ги компонентите,
потешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат децата и младите при изразувањето на
емоциите.
На едукативната работилница со учениците од подрачното училиште во Конопница, со
примена на интеративен пристап, се разговараше за менаџирањето на сопствените и
разбирањето на туѓите емоции. Преку практични вежби и сопствени искуства, младите учеа за
начините на справување со предизвиците од емоционална природа и јакнее на нивните
емоционални и социјални вештини.
Емоционалната интелигенција беше тема на која работеа и стручниот и наставен кадар од
ООУ„Илинден“. Тие покажаа огромен интерес за менталното здравје на учениците и низ плодна
дискусија дебатираа за последиците од отсуство на емоционална интелигенција, градењето
релации со и меѓу учениците, потешкотиите кои се јавуваат кај адолесцентите, како и ситуациите
со кои се соочуваат во училишната заедница.
Работилниците ги водеше м-р Надица Скепаровска – Петковска , а целта е стекнување
вештини кај учениците за справување со емоциите , како и зајакнување на капацитетите на
училишните претставници за превенција и развој на менталното здравје кај децата и
адолесцентите.
Проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ на РЦС СПЕКТАР
Крива Паланка се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во
Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Едукативно-креативен колаж за
подобро ментално здравје“ е кофинансиран од Општина Крива Паланка.