Здружението РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ Кратово,(РЦОР) во партнерство со Регионален центар за соработка СПЕКТАР од Крива Паланка на 01.01.2025 година започна со имплементација на проектот “Локални иницијативи за зајакнување на партиципативната демократија“ финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата: „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ Проект: „Акциски грантови за локални иницијативи“ 24 08 ГРЦ 501, Референтен број: 08-32/3-2024 година.
Овој Повик се однесува на проектна активност: Подготовка, дизајн и печатење на списание “Информатор за граѓаните“-Tрето издание, во тираж од 600 броја во А4 формат. Содржината за списанието ќе се достави од страна на РЦС Спектар.
По тој повод ги покануваме сите заинтересирани физички и правни лица да достават понуда со сопствена Биографија (CV) или портфолио. Критериуми за физички лица: – Да е државјанин на РСМ – Да има завршено најмалку средно образование – Да не е вработен/а или ангажиран/а во јавна или државна администрација – Да има знаења од областа на графичкиот дизајн/ уметност
Критериуми за правни лица: – Да е правно лице регистрирано во РСМ – Да достави Тековна состојба од Централен регистар – Да има знаења од областа на графичкиот дизајн / уметност
Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да ги достават своите понуди на следнава адреса: spectar.kp@gmail.com или директно во канцеларија во затворен плик на ул. Св.Јоаким Осоговски бр. 178, Крива Паланка, најдоцна до 01.07.2025 год. до 15:00 часот. Со избраниот кандидат Здружението РЦС Спектар ќе склучи Договор во кој ќе бидат опфатени обврзувачки елементи за двете страни. За повеќе информации можете да се обратите на телефон 078 323 379.
„Локални иницијативи за зајакнување на партиципативната демократија” е проект спроведуван од Здружение регионален центар за одржлив развој Кратово во партнерство со Регионален центар за соработка Спектар, Крива Паланка. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на документот не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
