НВО Инфоцентар: Наскоро нови интернет-страници на пет локални организации!

РЦС Спектар со поддршка на НВО Инфоцентар доби нова веб страница за промоција на своите активности

НВО Инфоцентарот, на 25 декември 2020, ја одржа последната годинешна работилница за подготовка на интерет-страниците на пет локални организации од Крива Паланка, Неготино и Велес – Спектар, Норге Ве, Цик-Цак, СПО КУЛ и АКТИВО.

Во текот на годината беа организирани серија обуки, работилници и консултации со секоја од организациите за да се подготват нивните интернет-страници.

На ваков начин, НВО Инфоцентарот ќе им овозможи на локалните организации да ја подобрат својата видливост и влијание меѓу граѓаните, во општините и во јавноста во целина.

Овие активности се реализираа во рамки на проекот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.