Мониторинг на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините за време на Ковид-19
Набљудувањето на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во време на пандемијата КОВИД-19, покажа дека локалните власти треба да ја зајакнат транспарентноста и отчетноста на својата работа особено во спроведувањето на постапките и трошењето на буџетските средства.
Потребно е општините интензивно да работат на целосна дигитализација на општинските услуги и нивна стандардизација. Исто така, треба да ја подобрат и дигиталната писменост на општинската администрација. Општинските интернет-страници мора да бидат сервисно ориентирани, а не да служат главно како промотивна алатка на локалната власт.Тие треба редовно да се унапредуваат и редизајнираат, за да им обезбедат квалитетни информации и услуги на граѓаните, како и да бидат лесни за користење и пребарување.