На 10 и 11 јули 2021 година, во Скопје се одржа дводневна обука за јакнење на организациските капацитети на повеќе локални граѓански организации. Присуствуваа претставници од РЦС Спектар, Центарот за аудиовизуелни уметности и Норгес вел од Крива Паланка, СПО-КУЛ и „Персона“ од Неготино, Активо од Велес, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе и Зеукстритон од Маврово-Ростуше.
Обуката ја организираше НВО Инфоцентар од Скопје во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ преку Шведската влада. Учесниците работеа на зајакнување на организациското, проектно и финансиско работење, како и навизуелизација и дизајн за подобрување на онлајн комуникацијата.
Беа дадени предлози и идеи за спроведување на повеќе акции во заедницата за партиципативно учество на граѓаните, нивно информирање и подобрување на општинските услуги.