ФОКУС ДИСКУСИИ ЗА КОВИД ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ

На 16 октомври годинава, РЦС„Спектар“ организираше фокус дискусии со претставници на локалната самоуправа, локалните и државни институции, НВО секторот, месните заедници, бизнис заедницата и граѓаните од општина Крива Паланка.

Целта беше согледување на проблемите, предизвиците и потребите во услови на пандемија, како и капацитетите на општината, институциите и организациите за справување со здравствената криза.

Од дискусиите произлегоа главните приоритети за граѓаните на Крива Паланка, а тоа се отворање на пункт за земање на брисеви за ПСР тестови, соодветна здравствена заштита на населението, подигање на свеста за корона вирусот и обезбедување на психосоцијална поддршка за граѓаните.

Фокус дискусиите беа организирани како дел од активностите на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, што го спроведува НВО Инфоцентар од Скопје, со финансиска поддршка на меѓународниот центар „Улоф палме“ од Шведска.