Комуникацијата на советниците и граѓаните треба да биде уште подобра и поразвиена со
имплементација на нови механизми и алатки за артикулирање на приоритетите и потребите на
заедницата.
Ова е заклучокот од денешната средба на претставниците на Советот на Општина Крива
Паланка и граѓаните, организирана од РЦС Спектар.
Претседателката на Советот Изабела Павловска, координаторката на советничката група
на СДСМ и коалицијата Тања Дејановска и заменик координаторот на советничката група на
ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ристовски потенцираа дека се отворени за соработка со граѓаните и
граѓанскиот сектор и дека секогаш граѓанските предлози се добредојдени. Тие ја објаснија
процедурата за поднесување иницијативи од граѓаните до советот и нивно застапување. Се
согласија дека алатките за онлајн комуникација со граѓаните преку општинската веб страница се
добра иницијатива, но дека непосредните средби се многу попродуктивни и покорисни.
Граѓаните побараа можност за почести средби со советниците на кои ќе можат да ги кажат
своите проблеми и потреби. Според нив непосредните средби се одлична идеја, но сепак добро е
да се има и други механизми за комуникација.
На средбата беше отворена плодна дискусија на која советниците ги информираа
граѓаните за одредени прашања и беа разменети мислења и идеи.
Средбата е организирана во рамки на проектот „ Активни граѓани и партиципативна
демократија на локално ниво“, кој го спорведува НВО Инфоцентар со поддршка на
Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.