Програмата „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентарот, поддржана од Европската Унија, континуирано соработува и ги охрабрува локалните граѓански организации да ги мобилизираат граѓаните и да се залагаат за партиципативна демократија на локално ниво. Преку зајакнување на нивните организациски капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој, ги поддржуваме со цел да се промовира и практикува партиципативна демократија на локално ниво.
Континуираната соработка и консултации резултираше со низа заеднички настани и акции кои покриваат прашања за родова еднаквост и родово базирано буџетирање и политики на локално ниво, еднакви можности за мажите и жените, младинскиот активизам и застапеноста на младите на локално ниво, зајакнувањето на руралните жени, борба против врсничкото насилство, остварување на граѓанските и политичките права на лицата со посебни потреби, како и заштита на животната средина.
Активното граѓанство низ призмата на нашите партнери: