Отворена средба на граѓаните со локалната инспекциска служба во Крива Паланка

Граѓаните на општина Крива Паланка денеска имаа можност да разговараат со локалните инспектори за сите прашања, дилеми и проблеми од инспекцискиот надзор на отворена средба која се одржа во  општината.

Инспекторите од Одделението за инспекциски надзор ги појаснија своите надлежности, фазите на постапките и комуникацијата со граѓаните, кои се интересираа за проблеми од комуналната и градежната област, животната средина и други области од јавен интерес.

Тие ги повикаа граѓаните на соработка и  им ги посочија комуникациските канали и начинот на пријавување.

Инфо – средбата „Запознај го својот инспектор“ има за цел локалните инспекциски служби да се доближат до граѓаните, да се зајакне соработката и двонасочната комуникација меѓу нив, но и да се разберат заедничките проблеми и предизвици со кои се соочуваат.

                Отоврените средби со граѓаните  се дел од проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, што го спроведува НВО Инфоцентар од Скопје, во партнерство со РЦС„Спектар“ од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, со поддршка од програмата Цивика Мобилитас.