Работилница за младински активизам и младински политики

РЦС „Спектар“, во соработка со Локалниот младински совет и СОУ„Ѓорче Петров“, организираше работилница за младинскиот активизам и младинските политики, како и за идентификување на потребите и интересите на средношколците.

Претставниците на Локалниот младински совет ги промовираа можностите за учество и поттикнување на младинското волонтерство во локалната заедница, вклучување во донесувањето  одлуки и заедничко спроведување на акции.

Младите дадоа повеќе предлози за приоритетни потреби, а се дискутираше и за формите на поттикнување иницијативи и застапување на нивните интереси.

Работилницата е реализирана во рамките на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка на Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.